ФОТО: Одбележан Денот на АРМ

Од:

Со централната свечена церемонија, на Центарот за обука на вода во Охрид денеска беше одбележан Денот на Армијата на Република Македонија, која го слави 22 години од своето постоење. Припадниците на Армијата, иако не можат да се пофалат со современа опрема и систем за одбрана, горди се што се ја продолжуваат традицијата на баталјонот „Мирче Ацев“ кој беше формиран на денешен ден пред 71 година.

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски пред присутните припадници на Армијата и гости на церемонијата истакна дека покрај внатре во државата, Армијата на Република Македонија носејќи се рамо до рамо со земјите – членки и партнерите на НАТО и Европската Унија придонесува за зацврстување на мирот, слободата и безбедноста надвор од нашите граници. Тој изрзи надеж дека во иднина од буџетот на Република Македонија ќе се одвојуваат повеќе средства за одбраната.

Модернизацијата на Армијата ќе се реализира во согласност со Долгорочниот план за развој на одбраната 2014 – 2023 година. Не радува што економијата и оваа година бележи високи стапки на раст. Тоа значи дека ќе има можности за поголем буџет и за одбраната – рече Јолевски на свечената церемонија по повод Денот на АРМ.

Наспроти желбите на Јолевски, експертите за одбрана сметаат дека Република Македонија премалку средства одвојува за одбраната и секоја година тие средства со ребалансите на буџетот се кратат. Додека во другите земји се одвојуваат до 2,5 % од буџетот за одбраната, Република Македонија одвојува некаде околу 1,4 % од буџетот.

Врховниот командант на вооружените сили и претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов истакна дека припадниците на Армијата се продолжувачи на делата на илинденците и АСНОМ-ците. Тој додаде дека Република Македонија останува на стратегиската цел – полноправно членство на Република Македонија во НАТО.

Партнерството и пријателството се најсилни меѓу рамноправните. Република Македонија е рамноправна со должностите и одговорностите. Но бараме да ни се овозможи да бидеме рамноправни и според правата и привилегиите, за посилно НАТО, за побезбеден свет – рече Иванов.

Во рамки на свечената церемонија по повод Денот на Армијата на Република Македонија, неколку потполковници беа унапредени во полковници.

DSC01085

DSC01087

DSC01097

DSC01096

DSC01107

DSC01116

DSC01119

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација