Тринаесет деца откриени во бродски контејнер во Британија

Од:

Тринаесет деца на возраст од една до 12 години се пронајдени во еден бродски контејнер меѓу 36 авганистански бегалци на доковите во Тилбури,во англиската област Есекс.

Групата имигранти пристигнала уште во саботата вечерта со еден товарен брод кој испловил од пристаништето Зебриж,во Белгија. Засега не се знае каде и кога имигрантите влегле во контејнерот,освен што пристанишните власти во Зебриж и полицијата знаат дека пред контејнерот да се натовар, со десетици други на бродот, бил донесен и оставен од еден камион за превоз на контејнери.

Затворените имигранти биле откриени на доковите од Тилбурн откако пристанишните работници слушнале пискотници и повици за помош, па ја алармирале локалната полиција. Покрај децата во групата има и деветмина мажи и осум жени, сите на возраст меѓу 18 и 72 години.

Полицијата открила и починат маж на 40-годишна возраст, додека неколкумина други илегални имигранти биле на работ од дехидрација и хипотермија, па биле итно префрлени во болница.

Илегалците се Сики од Авганистан, бројно мала заедница која со децении тврди дека понижувани и третирани како граѓани од втор ред.

До крајот на седумдесетите години на 20. век во земјата имало повеќе од 200 илјади Сики,но по советската инвазија во 1980 година,најголемиот дел од нив емигрирале во Индија. Се верува дека сега има само околу пет илјади припадници на оваа заедница,чии права се значително подобрени во времето кога претседател беше Хамид Карзаи,но тие и понатаму се судираат со локалните власти во Авганистан, поради својата традиција за кремирање на умрените на јавни места. Авганистанските Сики главно се населени во Кабул, Кандахар и Џалалабад.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство