Чоколадни напитоци на познати меѓународни марки како „Марс“ и „Сникерс“ беа повлечени од продажба од продавници во Франција, Германија и Холандија, јави ИТАР-ТАСС.
Одлуката е поврзана со опасноста во дел од тие стоки да има патогени бактерии, соопшти американската корпорација „Марс“, сопственик на овие брендови.
– Одлучивме да ги повлечеме од продажба овие производи како мерка на претпазливост, бидејќи нивната употреба може да донесе ризици по здравјето, поврзани со веројатно присуство на бактеријата Bacillus subtilis, се наведува во соопштението.
Повлекувањето ги опфаќа производите „Марс милк“, „Сникерс шејк“, „Милки веј“ и „Баунти дринк“ милк” во пластични шишиња од 350 мл. Тие биле произведени во една од германските фабрики на компанијата и се со рок на траење меѓу декември 2014 и април 2015 година.