Кај повеќето луѓе цревата се празнат во исто време и тие најдобро работат ако не се спречени во следењето на утврдената рутина. Најдобро е кога тие се празнат трипати на ден, но постојат многу случаи каде тоа се случува едвај трипати во неделата, што кај луѓето предизвикува многу непријатности.
Тешкото и нередовното исфрлување на тврдата и мала столица се нарекува опстипација или запек. Повремените напади на запек не се знак за загрижување, додека кај хроничните е потребно да се испита примарното нарушување. Најчеста причина за опстипација е исхраната сиромашна со растителни влакна и со течности.
Внесот на прекумерни количини алкохол или кафе, исто така, предизвикува заапек. Долгиот период на лежење или седење и изостанувањето на физичка активност значајно влијаат на забавеното работење на цревата. Одредените видови на нарушувања, како хипотироидизам (диспропорција помеѓу потребата на ткивата за тироидни хормони и способноста на штитната жлезда за излачување на материи) и депресијата, како и употребата на одредени лекови можат да доведат до заапек. Меѓу другото, вообичаено е по хируршки интервенција на стомакот да дојде до опстипација, како и по породувањето и кај лицата со хемороиди, кога празнењето на цревата предизвикува болка.
Причини за појава на запек
Најчести причини за појава на запек се:
– недоволно внесување на течности или дехидратација;
– недоволна консумација на храна богата со растителни влакна;
– отсуство на физичка активност;
– синдром на нервозни црева;
– промени во начинот на живот (диета, патување, бременост и сл.);
– стрес;
– игнорирање на потребата за празнење на цревата или одложување на празнењето;
– честа употреба на лаксативи;
– болести на тироидната жлезда (хипотироидизам), Паркинсонова болест, висок крвен притисок, депресија, хемороиди;
– одредени лекови.
Хроничниот запек може да биде поврзан и со нарушување на функционирањето на дебелото црево, па затоа е потребен преглед и консултација со лекар.
Ако запекот е последица на начинот на живот, постојат неколку мерки кои можете да ги преземете за да се ослободите од него или да го скратите неговото траење.
Храна со растителни влакна
Најчеста причина за запек е недостатокот на растителни влакна во исхраната. Тие се поврзуваат со вода во цревата, набабруваат и помагаат организмот да ги исфрли фекалиите полесно, заедно со насобраните токсини.
За да се справите со симптомите консумирајте: јаболки, грав, компири, моркови, кафеав ориз, сушени модри сливи, пченични никулци, свежо овошје, зелен зеленчук, сите видови јаткасти плодови (лешници, бадеми, ореви), семки од тиква, сончоглед, брокули, грашок.
Вода
Секој човек кој страда од запек треба да пие доволно количество вода. Пијте по неколку голтки на секој половина час, а добро би било во водата да додадете малку мед или цитрусов сок.