Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека е неопходен еден „јасен безбедносен одговор“ за да може светот се справи со заканата од исламистичката сунитска милитантна група Исламска држава.
Во тој „безбедносен одговор“ Камерон ги посочува помошта, дипломатијата и, како што вели, „нашата воена надмоќ“.
Според британскиот премиер, Исламска држава (ИД) може да продожи да расте и да се засилува, претворајќи се во закана и за луѓето во градовите на Велика Британија, доколку не се преземат мерки и акции.
– Хуманитарниот одговор на кризата (во Ирак) по заканата од Исламска држава, не е повеќе доволен, па сега постои потреба од јасен безбедносен одговор„ вели Камерон во својот авторски текст во лондонски „Сандеј Телеграф“.
Британскиот премиер пишува дека станува збор за една „отровна идеологја“ од која се раководи ИД, како и од заканата за создавање терористичка држава на брегот од Медитеранот.
Ова е првпат Камерон да признае дека хуминатрната помош за загрозените малцинства во северен Ирак, како и за Курдите и за шиитите, не е доволна и дека се неопходни други средства, меѓу кои и употребата на воена сила, за да се запре подемот на џихадистите.
Даунинг стрит 10, сепак, појасни дека текстот на премиерот во лондонскиот неделник не претставува промена на британската позиција кон Ирак. Министерството за одбрана во Лондон и натаму наведува дека Велика Британија не учествува во сегашните американски бомбардирања во северните делови на Ирак.
Лондонските аналитичлари сепак оценуваат дека „остриот речник“ на Камерон за џихадистите значи менување и заострување на британскиот став кон ирачката криза и покрај демантите на кабинетот на премиерот.
Промената доаѓа по откривањето на масовните злосторства што ги вршат припадници на ИД врз немуслиманското насление и врз шиитите, настојувајќи да ја „исчистат“ територијата во Ирак и во делови од Сирија на кои го најавија сунитскиот „Исламски Калифат“.
Американската телевизија Си-Ен-ЕН денеска објави тајни снимени инсерти од масакрите извршени врз цивили на територијата што контолира ИД во Ирак, а Си-Ен-Би-Си првпат јавно ја обвини Турција дека со својата политика активно придонела за јакнењето на Исламската држава, уште додека оваа сунитска исламистичка група беше само дел од бутовничката сириска опозиција. Си-Ен-Би-Си ја обвинува Анкара дека продолжува да и доставува оружје и средства на ИД преку северната ирачка граница.