Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајмајер се изјасни против идејата за создавање независна курдска држава на територијата на северен Ирак.
– Создавањето независна држава на Курдите би довело до допоплнителна дестабилизација на регионот и можно е да предизвика тензии и во државите соседи на Ирак, изјави Штајнмајер во интервју за весникот на „Билд ам Зонтаг“, потсетувајќи дека значителни курдски малцинства има и во Турција и Сирија.
Шефот на германската дипломатија изрази надеж дека Ирак ќе опстане како единствена држва и се заложи за формирање на ирачка влада на национално единство во која би биле застапени претставници на сите етнички и верски заеници и на сите региони.
– Создавањето на нова влада во која ќе бидат претставни сите региони и религии во земјата и која ефикасно ќе може да се справи со екстремистите од Исламсата дрѓава, веројатно е последната шанса за зачувување на единството на Ирак, смета Штајнмајер.