Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ нема да го прифати предлогот на Хрватската енергетска регулаторна агенција за поскапување на греењето за 37 проценти, а и градоначалникот на Велика Горица најави дека ќе го повика општинскиот совет да го одбие барањето.
Од канцеларијата на градоначалникот на Загреб, соопштија дека тој има овластување и надлежност да не го прифати предлогот и ќе го искористи правото на вето.
Тој кажа дека за евентуална корекција на цената може да се разговара откако ќе се деполитизираат сите управувачки функции во јавните претпријатија.
И градоначлникот на Велика Горица, како и градоначалниците на уште неколку општини рекоа дека нема да дозволат граѓаните да бидат ставени пред свршен чин. Тие сметаат дека бараното поскапување не е оправдано и нема да го дозволат.