Осумнаесетгодишно момче од скопското село Љуботен, вчера попладнето околу 14 часот се удавило и исчезнало во водите на браната Горната Глажња која се наоѓа кај селото Думановце, кумановско информираат од МВР.
Според полицијата, 18-годишниот Ј.О., влегол да се капе во водата, при што се удавил-исчезнал во водите на вештачкото езеро.
Телото на момчето сè уште не е најдено, а дното од бранат и вчера и денеска го пребарува специјална единица за нуркање од ЕСЗ „Тигар“.