Во текот на вчерашниот ден околу 11 часот и 30 минути 58-годишната Ѓ.К. од Куманово пријавила дка нејзиниот син два пати ја претепал.
Според податоците од полицијата, завчера синот на кумановчанката ја удирал со клоци и тупаници при што и нанел видливи повреди, додека вчера, ја соблекол и и земал 200 евра.
Несреќната жена е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје каде и е констатирана фрактура на главата.