Верувале или не, ова е новата „ Лада Нива“, еден од автомобилите на кои многумина најмногу му веруваат, најпродаваниот теренец досега.
Се раскажуваат легенди за нејзината моќ и можности…
На радост на сите, сега стигнува нова „нива“, која конечно ја „посетиле“ дизајнери! Темните фотографии од новиот модел ги објави „Шевролет“, кој соработува со руски АвтоВАЗ! Премиерата на „нива“ е закажана за Саемот на автомобили во Москва. Продажбата на новата „нива“ се очекува за 2016. година.