Триесеттина олдтајмери од триесеттите години на дваесеттиот век и понови, денеска блескаа на охридската ривиера, јави ТВМ.
Учесниците едногласни дека одржувањето на автомобилите е тешко и скапо хоби, но велат дека тоа го прават со огромна љубов.
– За одржување е тешко, лесно е да се купи ваков автомобил, но тешко да се одржува. Тоа чини премногу и затоа ова е скапо хоби, но треба да се радуваме ние во Охрид затоа што има љубители кои сакаат олдтајмери. Автомобилот што го имам изложено е модел од 80та година, Порше. Го користиме до ден-денес и е во добра кондиција. За одржување, не се расипуваат делови на Порше, Порше е нерасипливо – рекоа дел од учесниците.
Организаторите од авто картинг клубот Примо АВЈ велат дека идејата зад целата ревија е да се поврзе старото со старо, односно старите автомобили со најубавиот стар град на светот. Инаку, триесетината автомобили имаа и едно ревијално возење до хотелот Инекс Горица.
Фото: ОХРИД ЊУЗ