Откако во 2012 година шведската компанија НЕВС го презема банкротираниот „Сааб“„ и го обнови производството на моделот 9-3 Аеро, компанијата сега повторно се наоѓа пред банкрот.
„Нешнл Електирк Виаклс Свидан (НЕВС)“ уште во мај објави дека има проблеми со финансиите и дека е во потрага по нови инвеститори.
Сепак, неделава еден од добавувачите на „Сааб“ поднесе барање до шведскиот суд за прогласување банкрот на НЕВС.
Компанијата „Лабо Тест“, што произведува опрема за тестирање автомобилски делови, објави дека НЕВС од февруари и должи 17.000 евра. НЕВС се уште нема официјален став за случајот.