„Странците надвор“, вака извикуваа околу 2.000 приврзаници на крајнодесничарската партија „Златна зора“.
Со факели во рацете поминуваа и скандираа низ улиците во централниот дел од Атина.
Оваа партија, позната по екстремните ставови и по симпатиите и одобрување на начелата на Адолф Хитлер, на изборите доби седум отсто од гласовите.
Поради силните несогласувања и програмски разлики меѓу партиите во парламентот, по прашањето дали Грција треба да го почитува договорот со ЕУ и ММФ за финанската помош и драстичните економски мерки, Грција не успеа да состави Влада и новите избори се закажани за 17-ти јуни.