ФОТО: Од Охридското езеро извадени стотина килограми отпад

Од:

Стотина килограми тежок отпад, гуми, пластични шишиња, лименки од пијалоци, тенџериња и многу крупен и ситен пластичен и железен отпад беа извадени од крајбрежјето на Охридското езеро кај градскиот кеј во неколку часовната акција која беше спроведена денеска.

Чистењето на дното на Охридското езеро беше дел од првата синхронизирана „Глобална подводна акција за чистење на водите во светот“.

Езерото го чистеше тим од дваесетина македонски нуркачи предводени од спелеонуркачкиот клуб „Врело” , а учествуваа и нуркачкиот центар „Амфора”, клубот за подводни дејности „Охрид”, „Норкач” од Струга, „Канео” од Битола и Сојузот на подводни активности на Македонија. По интензивната организација, подготовка и исцртување на мапата на езерото каде има отпад, македонските нуркачи, на ниво на својата задача, на неколкупати вадеа отпад кој долго време се складирал во езерото.

„Ова е прва синхронизиана акција која во исто време се спроведува во цел свет.Целта на акцијата е да се разбуди свеста кај луѓето, бидејки ние не можеме да исчистиме се, но затоа пак сакаме да ја прободиме свеста кај граѓаните да не се фрлаат отпадоци во водите. Во ракмите на оваа глобална иницијатива предвидени се вкупно 12 вакви акции. Во октомври вакви акции ќе се спроведат во Тиквешко и Дојранско езеро“ рече Киро Ангелески, претседател на „Врело”

„Од особено значење е Охридското езеро да биде чисто за да може домашните и странски гости да има што да видат.Ние и до сега како ниркачки клуб Амфора во досегашните акции имаме извадено неколку тони отпад “рече Васко Николоски од Нуркачкиот клуб Амфора од Охрид

Во оваа еколошка акција покрај Македонските нуркачи, синхронизирано се чистеа и крајбрежјата на 35 земји во светот, меѓу кои и Хрватска, Словенија, Црна Гора, Србија, Босна.Инаку во Македонија најкритична е ситуацијата со загаденоста на реките во Западна Македонија велат организаторите.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски