Министерството за одбрана и АРМ им оддадоа почит на македонските великани

Од:

Со денешното полагање венци свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробовите на претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров, како и на гробот на генералот Михаило Апостолски им оддаваме почит за она што го направија за формирањето на Армијата на Република Македонија која денес е главен стожер на стабилноста и мирот во Македонија, територијалниот интегритет на нашата татковина, што е предуслов за просперитет и развој, истакна министерот за одбрана на Зоран Јолевски по денешното положување венци со свежо цвеќе пред македонските великани по повод Денот на АРМ 18 Август.

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, во оваа пригода посочи дека со денешниот настан, им се оддава почит на тие што ја создадале Армијата и на тие што командувале со неа.

– Им благодарам за она што го направија како врховни команданти во однос на формирањето, функционирањето и модернизацијата на Армијата, додаде генералот Котески.

На новинарско прашање поврзано со личноста и делото на претседателот Трајковски, министерот Јолевски како негов долгогодишен соработник рече дека тој со своите активности во голема мера придонел за модернизација и реформа на АРМ.

– Ние во 2000 година го започнавме процесот на модернизација и реформи на Армијата со цел да ги исполниме стандардите на НАТО-алијансата. Македонија денес има модерна Армија која целосно ги задоволува стандардите на НАТО и е способна да извршува и да биде дел од најсложените операции на Алијансата, рече Јолевски.

Претседателот Трајковски, додаде министерот имал голема почит кон Армијата на Република Македонија и тоа бил еден од неговите главни приоритети за време на неговото претседателствување.

Венци положија и делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, Сојузот на борците, Сојузот на резервните воени старешини…

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната