СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже кој го плаќа одморот на Груевски и свитата

Од:

СДСМ се огласи со реакција на текстот на Курир, кој бргу беше преземен од голем број портали, за одморот на партискиот претседател Зоран Заев.

„ВМРО-ДПМНЕ сака да ги одбегне прашањата поврзани со луксузниот одмор на Никола Груевски во Турција па измислува манипулативни текстови преку провладините медиуми.

На чија сметка летува Никола Груевски во Бодрум, Турција?

Дали луксузниот одмор на Груевски го плаќаат македонските граѓани и колку чини?
Колку вкупно лица го придружуваат Никола Груевски и кој го плаќа нивниот ангажан?

Која е основата некој друг да го плати одморот на Груевски и дали овој подарок е уредно пријавен од страна на Груевски?“, се вели во партиската реакција.

Партијата вели дека за разлика од Груевски, Заев го поминал својот одмор во Грција на сопствен трошок.

„На ВМРО-ДПМНЕ му смета што на овие прашања власта нема одговори во исто време кога Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одморот го помина како голем број македонски граѓани, на сопствена сметка, во Грција“, вели СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус