Иранската математичарка Мирјам Мирзахани стана првата жена на која ќе ѝ биде доделена наградата Филдсов медал, која во математичкиот свет се смета за еквивалент на Нобеловата награда. Освен медалот, наградата вклучува и 10.000 евра.
Бројни стручњаци ја поздравија одлуката и истакнаа дека такво нешто одамна требало да се случи.
Мирзахани, која предава на Станфорд, наградата ја добила за својот придонес на сложената геометрија. Иако математиката сè уште се смета за доминантно машка дисциплина, сепак жените низ вековите значајно придонесоа за нејзиниот развој.
Триесетгодишната математиларка во интервју за Mathematics Institute i Sveučilište Oxford вели дека како дете сонувала дека ќе стане писателка. Пресвртот се случил дури во последната година на високото училиште, откако нејзиниот брат ја насочил кон науката.
Како и многу други математичари, таа истакнува дека во таа наука највозбудлив и е таканаречениот „аха“ момент, кога човек има чувство дека се наоѓа на врвот на планината од каде му се пружа јасен поглед.
Иако не смета дека секој треба да се занимава со математика, уверена е дека многу студенти не си даваат доволно можност и време да ја истражат.
„Бев лоша по математика неколку години во средното училиште, едноставно не ме интересираше да размислувам за неа. Но, без потребното воодушевување, математиката може да изгледа прилично бесмислена и ладна. Убавината на математиката се открива само со стрпливи следбеници – објаснува Мирзахани.