Коцкарски долг била причината за вчерашното двојно убиство во Вевчани, неофицијално дознава А1он од жителите.
Во вооружената престрелка што се случи вчера во Вевчани животот го загубија Владо Попески, сопственик на угостителскиот објект Пјаца каде се случи престрелката и Матеј Ѓурчески.
Тешко ранети се Илија Пржитоски и Горан Коруноски кои седеле заедно во кафеаната.

Неофицијално, убиецот Здравко Србакоски кој бил поранешен поштар повеќе години бил во бегство поради долгови.
По долго време, тој деновиве се вратил во Вевчани, а синоќа влегол во кафаната и отворил оган кон четворицата кои седеле заедно во кафеаната.

По инцидентот, убиецот избегал кон планината, но полицијата успеала по кратко време да го уапси.
Се очекува полицијата денеска да излезе со став околу истрагата за настанот.
Ф.Ј.