„Росњефт“ бара финансиска помош од Кремљ поради американските санкции

Од:

Претседателот на руската петрохемиска компанија „Росњефт“, Игор Сечин од Владата на Русија побарал финансиска поддршка за овој енергетски гигант, пишува весникот „Ведомости“.

Во писмо на рускиот заменик-министер за економски развој Олег Фомичев до Министерството за енергетика се наведува дека Сечин неопходноста од државна помош ја образложува со американските санкции кон компанијата.

Американското Министерство за финансии кон средината на јуни забрани американси компании, банки и граѓани, како и сите што работат во САД, да даваат кредити на „Росњефт“, „Новатек“, „Газпромбанк“ и „Внешекономбанк“.

Сечин предлага државата со средства од Фондот за национална благосостојба да купи нови обврзници од „Росњефт“ во вредност од 1,5 билиони рубљи.

Долгот на „Росњефт“ кон крајот на јуни изнесувал точно 1,5 билиони рубљи или околу 44,5 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите