Економската криза во Кипар нема само финансиски импликации врз луѓето, туку и социјални последици, покажуваат резултатите од едно истражување, во кое е регистриран раст на лицата кои се принудени да бараат каков било вид на психолошка помош.
Кипарскиот весник на грчки јазик „Филелефтерос“ наведува дека многу луѓе се јавиле на телефонската линија 140, на која депресивните лица можат да побараат психолошки совети.
Регистриран е и раст на случаите на насилство, а, исто така, и на психолошките последици од високата невработеност.