Камерон го прекина одморот поради „итни разговори“ околу Ирак

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон го прекина својот годишен одмор во Португалија за да присуствува на „итните разговори“ во Лондон,посветени на кризата во Ирак и посебно на ситуацијата во северниот дел од земјата,каде малцинските групи на Јазидите и ирачките христијани се изложени на заканата да бидат масакрирани од сунитските џихадисти.

Камерон ќе учествува во работата на вонредната седница на Комитетот за вонредни ситуации КОБРА, на која треба да се расправа за вкупната ирачка ситуација,но на која би требало да се разгледаат и идните чекори на владата во Лондон.

Владата и премиерот Камерон се изложени на силен притисок,во дел од медиумите и меѓу воени и политички експерти, за британско вклучување во една воена интервенција против силите на џихадистите кои контролираат широк простор во северните делови на Ирак,каде планираат создавање на исламски калифат.

Официјален Лондон, досега,инсистираше само на испраќање хуманитарна помош,пред се за загрозените Јазиди,како и за локалните христијани и за Курдите,но се противи на воено интервенција,како и на француската иницијатива за доставување оружје за курдските борци.

Курдската автономна влада денеска ја предупреди Велика Британија дека не треба повеќе да размислува и дека мора да им се помогне на Курдите со оружје,затоа што сунитските џихадисти сега им се закануваат и на Курдите,а дека тие веќе се сериозна закана за Ирак,за регионот и за меѓународната безбедност.

Пратеници на владечката Конзервативна партија и на опозиционите лабуристи денеска побараа свикување на специјална седница на британскиот Парламент,посветена на ситуацијата во Ирак.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство