Папата Франциско го обнови денеска повикот за меѓународни дејствија за запирање на страдањата меѓу религиозните малцинства во Северен Ирак.
Папата се обрати со таков апел во писмо до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
Ватикан ги повика вчера муслиманските религиозни лидери да ги осудат дејствијата на борците од Исламска држава во Ирак и истакна дека меѓународната заедница е должна да стори се што може во согласност со меѓународното право, за да го спречи насилството.