(ВИДЕО) СДСМ: Власта неуставно го одзема правото на помош и нега од трето лице

Од:

„Новите измени на Законот за социјална заштита што власта ги усвои сама, ги кршат човековите права, дискриминаторски се и противуставни.

Со новиот закон, Владата на Груевски целосно им го одзема правото на нега од трето (друго) лице, правото на додаток за слепило или мобилност и глувост на сите кои имаат месечен приход повисок од просечната плата.

Овие права се остваруваат врз основа на болест или инвалидитет и не може да се поврзуваат со приходи, како што и досега никогаш не биле поврзани со приход.

Ваквата дискриминација во пракса ќе значи дека две лица, со иста дијагноза но со различен приход, нема да можат да остваруваат исти права. Лицето кое има месечен приход до 21 илјада денари ќе може да ги оствари овие права, а она лице кое има само 500 денари повеќе нема да може, иако имаат иста болест“, изјави Мила Царовска, претседателка на советот за труд и соц.политика на СДСМ.

„Без дебата, без консултација со граѓаните на кои овој закон се однесува, власта ги донесе најновите измени на Законот за социјална заштита на штета на околу 25.000 граѓани.

Дополнително, мнозинството во Собранието донесе неуставни законски решенија.

Во Член 52 Од Уставот на Република Македонија стои дека Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните“. Но, во новите измени од законот во член 19 стои дека сите остварени права до сега поврзано со помош и грижа од трето лице, додаток за мобилност и глувост ќе подлежат на ревизија согласно одредбите на новиот закон.

Никаде  во програмите на ВМРО-ДПМНЕ не се спомува декана голем број граѓани ќе им го скратат правото на помош и нега од трето лице.

Промените во Законот за социјална заштита претставуваат негрижа од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и нивно целосно непочитување и потценување.

Никола Груевски нема пари за дел од лицата на кои оваа помош им е неопходна ама и понатаму има пари за нови барокни фасади, панорамски тркала, скапи медумски кампањи…..

Она што не обезбедува бизнис зделка очигледно не е грижа за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мила Царовска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски