Археолози кои што учествуваат во ископување на север на Грција, открија влез во гробница, за која се претпоставува дека им припаѓа на важни личности од времето на Александар Македонски, изјави грчкиот премиер Антонис Самарас.
Тој по посетата на ископините кои што се наоѓаат во близина на стариот грчки град Амфиполис, издаде соопштение во кое наведе дека откритието е од особена важност и дека датира од 325 до 300 години пред нашата ера.
Самарас наведе дека од двете страни на влезот има Сфинги и дека до гробницата води широк пат.
Древниот Амфиполис е основан како атинска колонија во 437 година пред нашата ера, а Филип Македонски го освоил во 357 година.
Е. Г.