„Охридско лето“: „Вечер на ЕУ“ со флејтистот Мерчели

Од:

Традиционално секое фестивалско издание „Охридско лето“ во програмата вклучува настап на уметници од државата што во моментот е претседавал со Европската унија. Оваа година тоа е Италија, така штпо во рамки на Вечерта на ЕУ фестивалската публика ќе има можност да ужива во концертот на камерниот ансамбл „Вариабиле“ и флејтистот Масимо Мерчели како солист.

Ансамблот „Варијабиле“ (Вариабиле) е формиран по иницијатива на Клаудио Мансути, чијашто идеја беше да ги собере музичарите кои потекнуваат од регионот на Алпска Адрија за изведување на камерен репертоар во различни, односно, варијабилни состави. Сите членови на ансамблот имаат богата уметничка биографија.

Клаудио Мансути има освоено пет национални и бројни меѓународни награди, оствари снимки за РАИ  и ОРФ (ОРФ), а како солист настапувал со бројни оркестри од различни земји.

Андреа Мусто има големо искуство како камерен музичар и член на гудачки квартети во Австрија и Германија, а соработуваше и со оркестрите од овие земји. Од 2001 год. тој е прв челист на оркестарот во Фриули Венеција- Џулија.

Федерика Репини е победник на натпреварот „Шуберт“ во Монкалиери, а во нејзината кариера се вбројуваат солистички настапи со бројни оркестри и членување во камерни состави, како и снимки за радио и телевизиските куќи.Ансамблот „Варијабиле“ неодамна имаше бројни настапи во повеќе европски земји.

Истакнатиот италијански флејтист Масимо Мерчели изградил впечатлива уметничка кариера во која се забележуваат успесите на маѓународните натпревари и бројните концерти во најпознатите светски сали, меѓу кои „Карнеги Хол“, Московскиот конзерваториум, Концертгебау, Моцартеум, како и учеството на престижните меѓународни фестивали во Љубљана, Берлин, Бон (Бетовеновиот фестивал), Санкт-Петербург и многу други. Масимо Мерчели соработува со врвните уметници на денешницата, од рангот на Кшиштоф Пендерецки, Јуриј Башмет, Филип Глас, Жан-Пјер Рампал, настапува и со прочуените светски оркестри, а има остварено и премиерни изведби на делото „Фасад“ (“Фаçадес”) на Филип Глас (со авторот на пијано) и Концертот за флејта и гудачи од Мајкл Ниман, посветен на него. Оваа година Мерчели стана и заменик-претседател на Европската асоцијација на фестивали.

На програмата на вечерашниот концерт што ќе се одржи од 21 часот во атриумот на катедралната црква „Света Софија“ се композиции на Хајдн, Бетовен, Доницети, Брамс.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма