Саудиска Арабија обезбеди 580 милиони долари за обнова на Појасот Газа, изјави денеска саудискиот министер за надворешни работи, принц Сауд Ал Фејсал ибн Абдул Азиз Ал Сауд.
Тој веста ја соопшти на вонредната седница на извршниот комитет на Организацијата за исламска соработка посветена на ситуацијата во Појасот Газа.
Од вкупната сума, 80 милиони долари ќе бидат за медицинска помош за Палестинците, а 500 милиони долари за обнова на разурнатата енклава од израелската воена операција.
Средствата ќе бидат доставени преку Фондот за развој.