Авторот на контроверзниот филм „Невиноста на муслиманите” во бегство

Од:

Накула Басли Накула, 55 годишниот автор на филмот „Невиноста на муслиманите” кој предизвика остри реакции во низа муслимански земји во светот, вчера беше накусо приведен од страна на полицијата на Лос Анџелес. По ослободувањето, Накула се дал во бегство.

Накула не бил приведен поради објавувањето на извадоци од филмот на интернет, туку поради проверка на тоа дали ги прекршил условите зададени по ослободувањето од претходна казна за финансиска измама.

Полицијата го пуштила Накула на слобода по едночасовен разговор, но тој не се вратил во неговата куќа во предградие на Лос Анџелес, која со денови ја опсадуваат новинарски екипи. Претставници на полицијата на Лос Анџелес соопштија дека Накула им рекол дека ќе се даде во бегство поради бројните закани што ги добива.

Стивен Клајн, неговиот соработник на филмот, во кој Мухамед се прикажува како убиец и педофил, исто така е под медиумска опсада и добива закани по неговата безбедност. Новинар на Асошиејтед прес, новинската агенција која прва ги објави живеалиштата на авторите на филмот, јави дека го нашол Клајн во неговата куќа во населбата Хемет, вооружен со пиштол. Стивен Клајн, кој е ветеран од војната во Виетнам и е активист кој објавувал материјали во кои се критикува исламот, на новинарите им кажал дека останува дома и дека е подготвен да загине ако треба за неговото право на слободно изразување.

Во меѓувреме, во Њу Џерси се одржа собир на десетици свештеници на коптската христијанска заедница од Египет, на која и припаѓа авторот на филмот Накула, и муслимански имами, исто така од Египет. Свештениците од двете заедници ги осудиле навредите и нападите што се случија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија