(ВИДЕО) СДСМ: Младите го напуштаат Прилеп

Од:

Додека во регионот и пошироко властите одделуваат рекордни средства и вложуваат максимални напори за справување со младинските проблеми, власта во Р.Македонија останува инертна и незаинтересирана по однос на клучните проблеми со кои се соочуваат младите, рече Валентин Божиноски – Потпретседател на СДММ.
Со стапка од 58% невработеност на младите, Р.Македонија е неславниот рекордер во регионот и во Европа.

Како резултат на погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ, 75% од младите се изјасниле дека не ја гледаат иднината во Македонија, а 250.000 првенствено млади луѓе ја напуштиле државата.

Бруталната реалност продолжува со статистиката дека само 4% од младите директно се вработуваат после завршување на образованието, а партиската книшка на ВМРО-ДПМНЕ стана основен предуслов за вработувањето.

Социјалната и материјалната состојба на младите во Прилеп е повеќе од катастрофална, а од вкупниот број невработени во Општината, младите учествуваат со најголем процент.

Ваквите разочарувачки податоци се директен резултат на манипулациите и празните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ за странски инвестиции, нови работни места и професионални ангажмани.

За некакви инвестиции во индустриските зони Прилеп 1 и Прилеп 2, како и во Слободната економска зона кај Алинци, веќе е илузорно да се зборува. Таму нема буквално ништо!

После 9 години власт на ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп го изгуби својот најголем ресурс за развој, а тоа се токму младите.

Во име на Социјалдемократската младина на Македонија, сакам да Ви го честитам 12-ти Август – меѓународниот ден на младите. Истовремено Ве повикувам, придружете ни се! Доста беа изгубени генерации и уништени таленти.
Само со организирана и разбудена младина, ќе имаме освестена власт!

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он