Уште еден заменик министер во британскиот Форин офис поднесе оставка

Од:

Заменик министерот во британскиот Форин Офис Марк Симондс поднесе денеска оставка на функцијата, што е втор таков случај во Министерството за надворешни работи во Лондон, во изминатите шест дена.

Симондс најави дека се повлекува и од функцијата пратеник во Долниот дом на Парламентот, на изборите предвидени за мај идната година, но во изјавата за лондонските медиуми тој рече дека „нема ништо сомнително“ во одлуката да замине од Форин офисот.

– Нема никакви разлики меѓу мене и Владата околу надворешно-политичките прашања, рече Симондс кој оставката ја објаснува со „семејни причини“.

Даунинг стрит 10 соопшти дека решението за заминување било донесено уште пред неколку недели, како и дека тоа нема врски со ситуацијата во и околу Газа, што беше причина за претходната оставка на баронесата Варси.

Кабинетот на премиерот Деквид Камерон кој се наоѓа на одмор, објави дека за нов заменик министер задолжен за Африка, е именуван Џејмс Дадриџ.

Симондс (50) во Форин Офисот беше од 2012 година. Според лондонските медиуми оставката ја најавил за време на темелната реконструкција на владата, од редовите на ториевските министри, што Камерон ја изврши минатиот месец поставувајќи нови лица во владиниот состав и меѓу замениците министри од редовите на „тврдите“ евроскептици во Конзервативната партија.

Баронеса Варси на 5 август поднесе оставка во знак на протест поради погрешната политика на владата кон појасот Газа, незадоволна од нереагирањето на „насилството“ извршено врз Палестинците.

Во само една недела, новиот министер за надворешни работи Филип Хамонд, мораше да се согласи со две оставки на двајца негови заменици министри.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство