Реконструкција на покривот на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино

Од:

Започнува реконструкцијата на покривот и покривната конструкција на Националната установа Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино, за што средства обезбеди Министерството за култура.

Според Министерството, со овој зафат на објектот Неготино ќе добие простор за непречено одвивање на културните активности во градот.

Реконструкцијата на објектот ќе се одвива во две фази. Согласно проектот, со првата фаза, која треба да биде завршена до крајот на годината, ќе биде извршена реконструкција на покривната конструкција и на таванскиот дел над кино-салата на објектот. Останатиот дел од покривот ќе биде реконструиран следната 2015 година во рамките на втората фаза.

Претходно, во рамките на проектот на Владата и Министерството за култура за набавка на нова дигитална опрема за киносалите во повеќе градови во земјава, Центарот за култура во Неготино доби и нов дигитален проектор, со што се овозможи реализација на киноприкажувачката дејност во овој град.

Би можело да ве интересира

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски