(ВИДЕО) Хаос во Британија: Ураганот Берта донесе невидени поплави

Од:

Ураганот Берта вчера во некои делови на Британија за само неколку часа донесе количина на дожд, која што инаку паѓа во тек на еден месец, поради што се поплавија голем број домови и железнички станици, а се затворени и повеќе супермаркети.

Обилните дождови предизвикаа хаос во патниот и железничкиот сообраќај во Лондон, додека во Кент силниот ветер откорна повеќе стебла, кои паѓаа врз автомобилите.

Како што пренесува британски „Телеграф“ во Норфолк пожарникари спасувале граѓани од поплавените домови. Во многу делови на Британија паднале до 25 литри дожд на метар квадратен, а рекордот е забележан во велшкиот регион Сноудонија, каде што за само неколку часа паднале дури 60 литри дожд на метар квадратен. Метеролозите предвидуваат дека денеска во Шкотска може да падне многу дожд, а на север на Англија се очекува ветер со брзина дури до 110 километри на час.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство