Косовскиот Албанец Патриот Матоши (19), од околината на Гњилане, загинал во Сирија, каде се борел на страната на исламските екстремисти, пренесе Танјуг.
Матоши веќе неколку месеци бил приврзаник на организацијата „Исламска држава во Ирак и Левантот“ (ИДИЛ), која се преименува во „Исламска држава“, но уште пред една година на социјалните мрежи почнал да повикува на џихад, наведуваат медиумите во Приштина.
Весникот „Експрес“ објави специјална репортажа за Матоши и за неговите врски со џихадистот Лаврдим Мухаџери, како и со имамот во Гњилане, Зекерија Чазими, духовниот учител на Мухаџери.
Медиумите во Приштина веќе информираа за Мухаџери и објавувањето на неговата снимка на која држи отсечена глава на едно момче.
Матоши бил еден од најактивните на социјалните џихадистички мрежи. На нив тој се претставувал со псевдонимот што од албански се преведувал како „Дојдете на џихад“.
Матоши бил убиен во петокот од снајперист.