Ограбен старец во Кочани

Од:

Вчера во Кочани на ул.„Кеј на Револуцијата“бб, три непознати лица извршиле разбојништво над М.Н.(76) од с.Калиманци, при што му одзеле најлонско кесе во кое имало околу 3.000 денари, 50 евра и лични документи.

Имено, лицата му пришле на М.Н. од позади грб, при што едно од нив ја протнало раката во џебот од палтото на оштетениот, кој сакајќи да се одбрани го фатил лицето за нога, но во тој момент сторителот го гризнал М.Н. во пределот на десната подлактица. Останатите две лица го турнале на земја, при што истиот паднал и се здобил со повреда во пределот на левата подлактица.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи