Пациентите и докторите да го почитуваат времето за „Мој термин“

Од:

 Дваесет и девет илјади пациенти во јули не го искористиле закажаниот термин во здравствените установи, информира денеска на прес-конференција Милан Аризанкоски, проект-менаџер на Националниот систем за закажување прегледи „Мој термин“.

Докторите од скопските поликлиники, според него, имале најмногу прегледани пациенти изминатиот месец. Половина од пациентите, нагласи Аризанкоски, влегле 15-20 минути порано од закажниот термин, а останатите со просечно задоцнување од девет минути.

– На овој начин се наштетува на концептот на функционирање на националниот систем за електронски евиденциии и непотребно се креира нереална листа на чекање, затоа суштински е важно да се почитува времето на другиот, односно пациентот да го почитува времето на докторот и на другите пациенти, но и докторите да го почитуваат времето на пациентите, рече Аризанкоски.

Тој упати апел до пацинетите доколку не се во можност да присуствувате на закажаниот преглед, терминот да го откажат на телефонскиот број 15 444 или со праќање на порака кон 144 194 со содржина број на упат или преку матичните лекари.

Наведе примери од пациенти на кои повеќе пати им бил креиран термин, а не дошле на прегледот. – Пациентка на 74 -годишна возраст од Струмица и 54-годишен пациент од Јегуновце не дошле на 27 закажани термини, а 52-годишен пацинет од Радуша не се појавил на 25 закажани термини, истакна Аризанкоски.

Во Поликлиниката „Идадија“ во јули биле прегледани 460 пациенти, а на закажаниот преглед не се појавиле 64 пациенти. Во Поликлиниката „Бит пазар“ од закажани 4.740 прегледи, 3.970 се прегледани, а останатите 770 не дошле на преглед.

Од универзитетските клиники Аризанов ја издвои Клиниката за ревматологија, каде во јули биле закажани 1.145 пациенти, од кои 93 отсто биле примени на преглед пред закажаниот термин или со просечно закаснување од 12 минути.

Најмногу прегледи од здравствени установи направиле клиничките болници „Д-р Трифун Пановски“ во Битола со 19.823 пациенти, Тетовската со 16.932 пациенти, Прилепската 13.579, во Градската општа болница „8 Септември“ реализирани се 13,129 прегледи, а во општата болница во Куманово 11.897. Во овие установи на закажаниот термин не дошле 23 проценти или 7.770 пациенти.

– Просечниот број на дневно креирани термини за преглед по интерна медицина во септември изнесува 15,5 пациенти по ден во здравствените домови, а 18 пациенти во општите болници. Просечниот број на вкупно дефинирани термини по доктор на интерна медицина во септември изнесува 300 термини по доктор во здравствен дом и 120 во општите болници. Помалата бројка се должи на тоа дека специјалистите во општите болници извршуваат и други дополнителни здравствени услуги и тоа дека имаат и болнички пациенти, појасни Аризанкоски.

Во здравствените домови, додаде тој, од 69 доктори интернисти само 23 го надминуваат просекот на дневно дефинирани термини, а кај општите болници од 81 доктор интернист, 38 го надминуваат просекот.

Комисијата за матични доктори со најголем број упатувања во текот на еден работен ден утврдила дека најголем број или 30 отсто од реализираните упатувања се поради препишување на терапија на хронични пациенти.

– Комисијата предложи формирање посебна амбуланта во рамки на Здравствен дом Крива Паланка, која ќе биде наменета за препишување на терапија, за да се растеретат специјалистите од термини за препишување терапија, односно да се ослободат термини за пациенти на кои им е неопходна конкретна здравствена услуга/интервенција. Се предлага и интернисти од здравствените установи од други населени места да доаѓаат во ЗД Крива Паланка, како и вработување на нови интернисти во Здравствениот дом, инфорнмира Аризанкоски.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски