Борците на Исламската држава, кои ја зазедоа најголемата ирачка брана во офанзива која предизвика загриженост кај меѓународните заедници, ангажираа инженери за поправка на браната, додека Курдите се вооружуваат за одбрана на својата енклава, пренесуваат медиумите.
Курдското регионално Министерство за енергетика, соопшти дека исламистичкиот бунт не го попречува производството на нафта во Курдистан.
-Производството тече непречено и нафтата се испорачува на домашниот и странските пазари – информира министерството.
Исламистичките џихадисти освоија големи територии во северен Ирак, при што убија и протераа голем број немуслиманско население.
Вработените во странските нафтени компании се евакуирани од Ербил, додека Курдите поради страв од напади од исламистите, купуваат автоматски пушки АК-47 .
Извор од регионалната курдска влада изјави дека борците добиле нова пратка оружје од сојузната влада во Багдад и други влади но не изнесе повеќе детали.
Е. Г.