Франција ќе побара од Европската комисија мерки за отштета за производителите кои се погодени од руското ембарго, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Според претседателот на најголемиот синдикат на француските земјоделци и сточари – ФНСЕА, Ксавие Белан, „Франција ќе побара мерки за раководење со кризата, воглавно за овошјето и зеленчукот исто како и за месото“.
Белан вели дека меѓу мерките што Брисел би требало да ги преземе е еден дел од производството да задржат производителите, и со тоа да се избегне преголема понуда на пазарот, а за тоа производителите да добијат надомест.