Вчера во атарот на село Кокошиње на патот село Живиње-Куманово, дошло до несреќен случај во кој животот го загубил Борко Ј. (52) од село Доброшање, кумановско.
Борко Ј. управувајќи трактор изгубил контрола над возилото, при што се превртел и од здобиените повреди починал на лице место.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.