Некогаш забранетата храна

Од:

Една од најпознатите приказни од Библијата е онаа за Адам и Ева, кои не го послушале Бога и јаделе плодови од дрвото на знаењето на доброто и злото во Рајската градина. Тоа на многу луѓе веднаш им асоцира дека забранетото овошје е сјајно и светкаво црвено јабоолко, но Библијата никогаш не го идентификувало самото јаболко.

Оваа вкоренето погрешно размислување по се изгледа потекнува од латинскиот превод на Библијата, познато како „Вулгата“, во доцниот 4-ти век, во кој хебрејскиот збор „ra“ се претворил во „malum“, што значело и зло и јаболко. Подоцна, ренесансните сликари ја користеле ова интерпретација со постојано сликање на Адам и Ева во Расјката градина со јаболко.

Повеќето историчари сега се согласуваат дека забранетото овошје всушност не било јаболко, туку кајсија, калинка или смоква. Без разлика, јаболкото низ човештвото опстанало како симбол на искушението и гревот – и како најзабрането овошје.

Друго овошје кое имало сомнителна репутација бил доматот. По потекло од планинските Анди, но одгледуван од Маите во централна Америка, доматите биле прифатени во шпанската и италијанскаа кујна откако стигнале во Европа на почетокот од 16-иот век. Сепак, нивното прво класифицирање од ботаничарите било како „solanaceae“ или семејството ноќна сенка – од кои повеќето видови се многу отровни – што предизвикало многу северноевропејци да одбиваат да го вклучат во нивната исхрана.

Во 1597 година, англискиот хербалист Џон Џерард ја издал книгата „„Хербал или општа историја на растенијата“, во која ги опишал доматите како отровни и покрај истовременото признавање дека се јадат во „топлите земји“ како Шпанија или Италија. Ова издание, заедно со поврзувањето на доматот со смртоносните ноќни растенија, одвлече многу луѓе од брзото прифаќање на овој плод.

Во Северна Америка, доматот бил присутен во колонијата Каролина во 1710 година, но за овој плод сепак имало повеќе интрес како за украсно одгледување отолку да се користи како кулинарска состојка. Дури на крајот на првата половина од 18-иот век, популарноста на доматот пораснала. Но, и потоа тој ретко се наоѓа освен во рецептите за супи, за кечап или за салати, па потоа се појавил и нов страв: црвот во сушениот домат.

Дебелиот до десет сантиметри долг зелен црв со рог на грбот кој се појавувал во виното од домати и за кого се верувало дека е отровен, продолжил да ја урива веќе слабата репутација за доматот. За среќа, овој мит наскоро бил срушен заедно со стравот од плодот. Денес доматите се сметаат за основна состојка во речиси секоја кујна и се јадат насекаде низ светот.

Компирите кои потекнуваат од Јужна Америка, имале речиси иста судбина со сомнежи по нивното донесување во Шпанија во 1570 година, по што се прошириле низ цела Европа. Како и со доматите, и компирите прво биле ставени во семејството ноќни сенки, а нивнниот неугледен и нерамномерен облик предзивикал многу Европејци да веруваат дека тие можат да предизвикаат многу болести, од лепра до сифилис.

Во Швајцарија, луѓето верувале дека јадењето големи количества компири може да предизвика скруфола, инфекција на лимфните жлезди во вратот, а многу германски селани биле толку недоверливи кон овој корен што одбивале да јадат компири кој бесплатно им ги испраќал Фридрих Велики за време на гладта во 1774 година. Посебно во Франција биле многу зарижени поради компирите, што довело до забрана за нивно одгледување во Бургундија во 1619 година.

Стравот од ѓаволштината на компирите владеел во француското општество се додека Антоан Аугустин Парментиер, кој бил заробен од Прусите за време на Седумгодишната војна и било присилен да отстапи – бил изненадувачки во добро здравје  од компирите – успеал да ги убеди неговите сонародници поинаку да размислуваат откако напишал упатства за ползата од коренот во 1771 година.

Со текот на времето, компирите биле славени заради големите приноси кои ги давале и заради способноста да растат на разни клими и заради нивната исклучителна нутриционистичка вредност. Денес тие се едни од најважните посеви во светот, во смисол на конузмирање од човекот.

Дали знаете…

Во 1887, Џон Никс тужел цариник од пристанишето Њујорк заради данокот кој го платил за доматите што ги увезол во САД. Со твредењето дека доматите се овошје според својата природа, Никс тврдел дека не требало да биде присилен да плати 10 проценти царина која постоела за увезен зеленчук и биле обврзни според Тарифникот од 1883 година.

Овој случај завршил пред Врховниот суд на САД, кој донел пресуда дека доматот функцонира како зеленчк и затоа е предмет на царинење.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава