Не постои закана од распространување ебола во Европа, смета директорот на берлинскиот Институт за вирусологија.
Рајнхард Бургер. Во интервју за Пасауер ноје пресе, шефот на Иснтитутот Роберт Кох, тврди дека како во Германија така и во цела Европа постојат услови за укажување квалитетна медицинска помош за евентуално заразени.
– Затоа ризик од распространување на болеста не постои, тврди Бургер.
На аеродромот во Франкфурт каде секој ден слетуваат десетици авиони од Африка, има засилени санитарни мерки во врска со епидемијата на ебола.
Во изјава за медиуми, началникот на одделот за здравство при градскиот совет, Рене Готшалк вели дека „ништо не може да остане незабележано“ при проверките.
Според најновите податоци од СЗО, од епидемијата на ебола во Африка досега починаа 961 човек. Носители на вирусот за кој не постои вакцина, се 1.779 луѓе.