Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека не е сигурен оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот лидер Махмуд Абас се во состојба да постигнат мировен договор.
– На некој начин, Нетанјаху е премногу силен, а Абас е премногу слаб за да ги споиме и да може да донесат некои храбри одлуки кои сакаа да ги донесат Анвар Садат (египетски претседател) и Јицак Рабин, изјави Обама за Њујорк тајмс.
Египет вложува големи напори да издејствува траен прекин на огнот во Појасот Газа и да се постигне израелско-палестински договор.