Исламска држава се закани дека ќе го „ослободи“ Истанбул ако Турција не престане да го запира водниот тек на реката Ефрат кон соседна северна Сирија, објави Хуриет дејли њуз.
– Му се молам на Алах турската Влада да ги измени одлуките бидејќи ако не го направи тоа сега, ние ќе се премисллиме заради нив и ќе го ослободиме Истанбул, вели претставникот на џихадистите Абу Муса за медиумот Вајс њуз во северниот сириски град Рака.
Во одоговор на прашањето на новинарот на Вајс њуз, дали ИД упатува закана до Турција, Муса одговори дека тоа е „недвосмислена закана“.
Користењето на водите на реката Ефрат е проблем за Турција, Сирија и Ирак од 70-те години на минатиот век.