Шпигл: Германија бара список на сите странски тајни агенти

Од:

Официјален Берлин побара од дипломатските претставништва во Гермнаија да достават имиња на сите активни тајни агенти кои работат во таа држава, објави неделникот Шпигл.

Германскиот весник наведува дека Берлин до сите амбасади испратил нота во која се бара „список на имиња на сите активни агенти“.

Германското МНР не ги негираше наводите на весникот.

Потегот е преземен како последица од фрустрациите на Берлин поради зачестеното негирање на Вашингтон дека американски агенти ги шпионирале највисоките германски официјални лица.

Барањето е само еден месец откако Берлин побара од шефот на ЦИА во државата да ја напушти Германија по откривањето два случаја на американско шпионирање германски официјални лица, наведува весникот.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани