Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, изјави дека е длабоко разочаран од прекинот на примирјето во Појасот Газа и го осуди обновениот ракетен напад на Хамас врз Израел, пренесоа француските медиуми.
Апсолутно е неопходно продолжувањето на примирјето за да можат да напреднат и преговорите во Каиро меѓу Палестинците и Израелците, подвлече Бан Ки-мун во коминике.
Тој ги повика двете страни „да не прибегнуваат кон нови воени дејствија, што можат само да ја влошат хуманитарната ситуација во Газа“, која и онака е веќе неподнослива.