Изложба на графики од Валентина Илијевска во Крива Паланка

Од:

Во Градскиот музеј во Крива Паланка вечерва во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на графики на кумановската графичарка Валентина Илијевска.

– Изложбата носи наслов „За вредностите“ и содржи 24 графички листови работени во техниките дрворез, линорез и комбинирана техника. Најновиот циклус на графики на младата графичарка Илијевска претставува продолжување на нејзината претходна истражувачка работа на полето на комуникациските можности на апстрактниот графички јазик, информира директорот на Градскиот музеј Крива Паланка, Драган Величковски.

Величковски напомена дека координатор на проектот е Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, а настанот е продолжение на успешната соработка со Кумановските институции.

Тој посочи дека вчера, како дел од програмата на Кривопаланечко културно лето беше промовирана збирката поезија „Поетски чекорења“ – Алманах 4 од Друштвото на писатели „Куманово“, а прв пат годинава остваруваат соработка со НУ Цетар за култура од Куманово, кој ведно ќе биде и промотор на изложбата.

На репертоарот од Културното лето кривопаланчани ќе можат да ја проследат и театарско-танчерската минијатура „Земјата, вселената и небото“ во изведба на здружението Партнери од Ќустендил, Република Бугарија. На 23 август ќе следува и третото издание на рок-фестивалот Џој Фест, рече Величковски.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“