Туристичките работници во Струга очекуваат повеќе туристи во август

Од:

Струшките туристички работници очекуваат зголемување на бројот на туристите во текот на август.

Елизабета Марковска од одделот за продажба и маркетинг во хотел „Дрим“ потенцира дека ќе имаат уште една успешна сезона. Во првата половина од јули, нагласи дека поради временските услови посетеноста била послаба.

– Оваа туристичката сезона може да кажеме дека е доста успешна во споредба со минатата година. Глобално во однос на временските услови во јули посетеноста на туристите беше малку послаба, меѓутоа во втората половина од месецот имаше целосна исполнетост на капацитетот на хотелот. На еднакво ниво сме со лани, но како што се движи сезоната во одредени ситуации сме и подобри од минатата година, изјави Марковска.

На струшката ривиера и годинава најприсутни се холандските гости, како и гостите од Турција и Албанија.

– Најмногу гости имаме од Холандија, потоа присутни се и турските гости, како и индивидуалците од Албанија, а во помала бројка се застапени и гостите од Македонија, потенцира Марковска.

За зголемување на бројот на туристите градоначалникот на Струга, Зијадин Села, најави туристичка стратегија, која покрај сместувачките капацитети ќе опфати и културни манифестации.

– Сакаме да стандардизираме и да ги регистрираме сите што даваат услуги за спиење. Имаме планирано и неколку културни манифестации бидејќи туризам без култура не може да има, оценува Села.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“