Ограбени колонијални продавници и пекара

Од:

Две колонијални продавници и една пекара се ограбени вчера попладне во Скопје.

Како што соопштија од МВР, лицето С.В.(43) вчера околу 15 часот извршил три кривични дела. Имено, на улицата „Миле Поп Јорданов” со закана од вработената го одзел дневниот промет од касата од околу 4.100 денари.

Потоа на улицата „Козле” во продавница, исто така, од вработената одзел околу 6.800 денари пари од дневниот промет, а додека пак од продавница за бели пецива лоцирана на истата улица направил нарачка од 31 пирошка, пита бурек и пет штрудли и откако вработената му ја дала нарачката и се заканил и го напуштил местото на настанот.

– По преземените мерки, С.В. е лишен од слобода  поради сомнение дека е сторител на кривичните дела и против  него по документирање на настаните ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он