По повод 25 години од творештвото, вечерва во Охрид ќе биде отворена изложба на дела на уметникот Драган Спасески Охридски.
За творечкиот опус на Спасески ќе беседат академик Цветан Грозданов и проф. д-р Кристина Николовска, како и заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ.
Рецитал на дел од поетското творештво на Охридски ќе изведат актерите Љупчо Тодоровски – Упа и Димитрија Доксевски.
Изложбата е поставена во галеријата „Резонанса“, а отворањето е предвидено за од 21 часот.