Илјадници Палестинци ја напуштаат Газа поради можни нови израелски напади

Од:

Илјадници Палестинци ги напуштаат домовите во градот Газа стравувајќи од нови воздушни удари, во момент кога израелски беспилотни летала прелетуваат над палестинската енклава по истекот на примирјето.

Засега Израел не бомбардира, но армијата предупреди дека ќе возврати на каква било провокација. Тие соопштија дека се обновени ракетните напади од Газа.

Само за еден час по истекот на 72-часовното примирје, палестински радикали од Појасот Газа испукаа над 10 ракети врз Израел. Една од ракетите била уништена од системот за ПРО железна купола над градот Ашкелон, а друга паднала во ненаселен реон на израелска територија. Одговорноста ја презеде военото крило на Исламски џихад – Сараја ал Кудс.

Би можело да ве интересира

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Нетанјаху: Договор засега не е постигнат

Најмалку 13 лица, меѓу кои две деца, загинаа во израелските напади врз Газа