Хамас нема да го почитува примирјето

Од:

Палестинското движење Хамас кое има контрола врз Појасот Газа, соопшти во Каиро дека нема да има продолжување на примирјето со Израел што беше на сила речиси 72 часа и истекува утрово.

Двајца високи претставници на Хамас кои се во делегацијата што преговара во Каиро со посредство на Египет, рекоа дека движењето нема да го продолжи примирјето бидејќи Израел не сака да прифати нивни барања.

– Нема да го продолжиме примирјето и тоа е наша конечна одлука. Израел не предложи ништо и не се согласи со укинување на блокадата на Газа, изјави еден од претставниците на Хамас.

Најмалку 1.900 Палестинци, најголем дел од нив цивили, загинаа во Газа од почетокот на конфликтот. На израелската страна има 64 жртви – војници и тројца цивили.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња