Папата Франциско ја повика денеска меѓународната заедница да преземе мерки за заштита на христијаните во северен Ирак, кои се соочуваат со хуманитарна катастрофа бегајќи пред офанзивата на џихадистите.
Во соопштение на Светата столица се вели дека папата се приклучува кон апелите за итно враќање на мирот на Блискиот Исток и ја повика меѓународната заедница да ја обезбеди неопходната помош за луѓето кои бегаат од екстремистите од грипата Исламска држава (ИД) во Ирак.
Околу 100 илјади христијани од северен Ирак денеска ги напуштиле своите домови пред инвазијата на исламските екстремисти кои во текот на ноќта го зазедоа Карагош, најголемиот христијански град во Ирак.
Според халдејскиот патријарх Луис Сака, џихадистите принудиле сто илјади христијани да ги напуштта нивнито дмови, уништувале цркви и крстовите и палеле икони.
Тој предупредија дека се работи за хуманитарна катастрофа и голема трагедија за христијаните во Ирак.
– Го повикуваме Советот за безбедност на ОН веднаш да интервенира. Повеќе десетици илјади преплашени луѓе бегаат додека ние зборуваме, рече халдејскиот надбискуп Џозеф Томас, додавајќи дека христијаните избегале од градовите Карагош, Тал Кајф, Бартел и Карамлеш, кои се сега под контрола на екстремистите.
Неколку бегалци потврдиле дека целата област на северен Ирак која е населена со христијани, паднала во раце на џихадистите од Исламската држава.
На почетокот на јуни сунитска милитантна група Исламска држава на Ирак и Левентот започна офанзива во Ирак и на 29 јуни објави дека воспоставува „исламски калифат“ на териториите на Сирија и Ирак под нејзина контролира и го промени името во Исламска држава.
Екстрмистите контролираат голем дел од териториите во западен и северен Ирак и се закануваат со офанзива кон главниот град Багдад.